Сте пробале печен лук? Ако не, ова е еден од оние рецепти кои ќе ви го откријат неговиот магичен вкус.
Потребно е:
- 1 главица лук, печен
- 400 гр тестенини, сварени
- 300 гр урда или дробено сирење
- 60 гр рендан кашкавал
- сол и бибер
- 300 гр млад спанаќ (или ако не е млад, кратко обарен)
- 300 гр чери домати, пресечени на половина
- 3 лажици мајонез
- 3 лажици павлака
Подготовка: Прво, испечете го лукот. Потоа, сварете ги тестенините сварете ги. Во сад ставете ги мајонезот, урдата, павлаката, печениот лук, пармезанот, тестенините и сето убаво измешајте го. Пред крај, ставете ги спанаќот и доматите.