ШоуБиз

Крис Браун следните четири години во затвор? “Вие едноставно не можете да стоите на страна од неволјите”

Откако Крис Браун за време на викендот бил избркан од рехабилитација бидејќи ги заведувал жените во клиниката, полицијата го уапсила и го одвела во затвор.

Бидејќи не ја исполнил својата обврска до крај, да ја изврши рехабилитацијата, тој бил изведен пред судија каде му е одреден затвор во траење од еден месец, се до 23 април, кога повторно ќе излезе пред судот да му се утврди мерка за кршење на условната казна.

Доколку судијата одлучи дека имало прекршување, Крис би можел следните четири години да ги помине зад решетки.

“Вие едноставно не можете да останете настрана од проблемите”, му се обратил судијата на Крис за време на судењето.

 

Напиши коментар