ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 дл. Млеко
* 2 дл. Вода
* 1 квасец
* 1 мало кашиче шеќер
* 1 мало кашиче сол
* 1 јогурт
* 1 дл. зејтин
* 900 гр. брашно
* 2 жолчки
* 1 маргарин
* Еурокрем
* Чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Направете смеса од вода, млеко, шеќер и квасец. Кога ќе надојде квасецот, замесете тесто со 900 грама брашно, зејтин, јајца, сол, јогурт. Тестото треба да биде меко. Поделете го во осум парчиња и оставете го да постои 5 минути. Една по едно парче поминете ги со сукало и 7 од нив намачкајте ги со маргарин.
Редете ги парчињата едно врз друго, а најгоре ставете го тоа ненамачканото. Направете голем круг, поделете го на триаголници, ставете еурокрем и завивајте ги во кифли.
Намачкајте ги со жолчката и оставете ги да стојат еден час на ладно. Печете ги во загреана рерна. Кога ќе се оладат натопете ги во топло чоколадо.
