Sweet Home

Куќи од иднината : Rockledge Residence

Оваа прекрасна вила во Лагуна Бич, Калифорнија, која денес ќе ви презентираме е една вистинска креација на уметноста, благодарение на дизајнерите од Aria Design. Најубавиот момент од оваа вила е природно, бесценетиот панорамски поглед на прекрасната околина која стаклените фасади ни најмалку не ја ограничуваат. Секоја просторија во куќата, независно од финкционалноста, е исполнета со светлина, емитува ведра атмосфера и своевидна леснотија – идеално место за мирен одмор, нели?!

Модерниот мебел и светлите бои се основата на целиот ентериер, а светлиот црвен акцент создава динамика и расположение. Уживајте!

Напиши коментар