man fashion

Купувајте облека со задоволство

Листа на основните парчиња коишто треба да ги поседува секој маж и му се потребни за секоја прилика.

  • Бела памучна кошула
  • Пар класични црни чевли
  • Темни фармерки
  • Класичен блејзер
  • Темно-син костум
  • Класични пантолони
  • Поло маица
  • Патики
  • Секојдневен часовник со метален ремен
  • Пар очила за сонце

Сигурно знаете кога облеката ви е претесна. Но, потешко можете да определите кога таа е поширока. Клучна работа која треба да ја запомете е дека вие изгледате голем колку и вашата облека. Доколку вашата облека е два броја поголема, вие изгледате два броја подебел.

Кај кошулите обрнете внимание на рамената. Кратките ракави треба да бидат доволно широки околу вашите раце за да можете да ставите прст или два околу манжетата. Пантолоите не треба да ви се собираат околу вашите препонни и не треба да го допираат подот додека стоите. Купете ремен, вашата долна облека не треба да се прикажува.

Доколку најдете нешто што ви се допаѓа и совршено ви стои, купете неколку парчиња во различна боја. Облека со базични бои е подобар избор од принтови, и ќе можете да ја носите подолго време.

Шарените пантолони речиси никогаш не се добрја идеа и се невозможни за комбинирање. Не ги вадете етикетите веднаш што ќе стигнете дома и чувајте ја фискалната сметка додека не бидете сигурни дека го направивте вистинскиот избор. Согласно законот за потрошувачки права во Македонија, имаме право на враќање на облеката во рок од 15 дена доколку производот не е користен и имаме фискална сметка.

Напиши коментар