Здраво тело

Ладни раце и стапала? Откријте на кои здравствени проблеми укажува тоа!

Ладните прсти на нозете често се јавуваат кај жените, и ова е сосема нормална појава до која се случува како резултат на процесот со кој телото ја одржува температурата на виталните органи. Но, доколку ова премногу често ви се случува, тоа може да биде симптом на некои други здравствени проблеми.

АНЕМИЈА

Доколку, освен ладни раце чувствувате и некои други симптоми, како што е на пример замор, главоболка и омалаксаност, не би било лошо да го проверите железото во крвта. Железото е главна состојка на хемоглобинот, молекули кои го пренесуваат кислородот во крвта и и даваат црвена боја. Ова е често пореметување, а недостатоткот на кислород може да доведе до чувство на ладни раце.

ДИЈАБЕТИС

Чувството на ладни раце како и трнење на рацете и стапалата може да биде прв знак за дијабетис. Шеќерната болест остава последици на крвотокот, како и на нервниот систем па често е пратена со вакви појави. Ако освен ладни раце често чувствувате жед, многу јадете а не се дебелеете или не слабеете, обавезно прегледајте го нивото на шеќер во крвта.

ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА

Хипотиреоидизам, или успорено работење на штитната жлезда, доведува до успорување на метаболизмот а тоа е често пропратено со ладни екстремитети, или чувство на лад. Заморот, поспаноста, успорен говор и движење како и неподносливост на високи температури се јасни симптоми на ова пореметување.

СТРЕС

Стресот исто така може да биде причина за чувство на ладни раце и нозе. Имено, тој го зголемува производството на адреналин, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, кој ги стега крвните садови. Со самото тоа циркулацијата е успорена, а рацете и нозете ладни.

Write A Comment