Преубавите острови Лангкави во Малезија или понекогаш како што ги нарекуваат Легендарните Острови се прераскажувани во многу митови и легенди. Можете да стигнете на неколку начини до овие острови. Со фериброд од Куала Перлис или со авион преку Куала Лумпур. Се наоѓаат на северозападна Малезија. Лангкави островите сочинуваат 99 мали острови и тоа на висока плима, додека на ниска осека се појавуваат дури 104 острови. Повеќето од нив нема стапнато ни човечка нога. Нудат огромен избор на егзотична флора и фауна, тропски шуми и секако преубави плажи. Претежно овие острови се во рурална средина со понекои мали села и почви за обработка.






