Дестинации

Лас Вегас – Светскиот град на забавата (Видео)

Лас Вегас – гламурозен, единствен, грандиозен… Најголемиот град на државата Невада, со над два милиони жители, се смета за најголем светски центар на коцкарската индустрија.

Толеранцијата на градот за различни видови на забава за возрасните, му го донесе прекарот Sin City (Град на гревот) и го направи најпопуларна дестинација.

Поради својата содржина – од врвни ресторани, шопинг, најпрестижните светски брендови, најексклузивните хотели до возбудлива забава и ноќен живот, Вегас е еден од главните туристички дестинации во светот.

Не е потребно да се споменува по што е познат овој град, но покрај големиот број на казина, она што најмногу ги привлекува туристите се блескавите светла на сите страни, музиката, најнеобичните фонтани…

Лас Вегас без нив не би бил она што е – град на светлината, кичот и забавата.

Вива Лас Вегас!

Напиши коментар