За време на натпреварот меѓу Бруклин Нетс и Мајами Хит, веројатно најдобриот кошаркар во НБА, Леброн Џејмс, жестоко беше фаулиран од Босанецот Мирза Телетовиќ и ситуацијата за малку ќе завршеше со тепачка.
Џејмс тргна во соло продор, но акцијата му пропадна кога го оттурна Андреј Кириленко и направи фаул во напад, а потоа налета на Телетовиќ кој го сопре со рацете околу него.
Кошаркарот на Мајами избувна и за малку ситуацијата можеше да излезе од контрола да не беше брзата реакција на неговите соиграчи, како и смирената реакција на босанскиот репрезентативец.
„Ми се обеси околу врат и реагирав на тоа. Тоа не е кошаркарски потег“ – објасни Џејмс.
„Тоа беше обичен прекршок. Одеше кон кошот, а јас сакав да го застанам. Не требаше така да реагира, тоа е само кошарка“ – изјави босанскиот репрезентативец.