Кање Вест вети дека неговата венчавка со Ким Кардашијан ќе се памети, и заради тоа сака на тој ден да ја ангажира Лејди Гага.
“Ким и Кање се сретнаа со Гага во Париз”, вели еден извор за магазинот “The Sun”.
“Очајно сакаат да ја вклучат и неа во целата приказна, затоа и ја побарале. Таа е идеален избор бидејќи Кање ги обожава нејзините настапи. Ким ја сака нејзината музија, и затоа веднаш се сложиле за таа одлука.” Ким неодамна потврди дека венчавката би можела да биде организирана во Франција, но забележа дека тоа нема да биде во Версајската палата.