Опоравувањето на познатиот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, кој од крајот на декември се наоѓа во кома поради тешките повреди на главата, никако да дојде до успешен крај.
Заради компликациите кои настанале во текот на постепеното будење од вештачки предизвиканата кома, тој процес е прекинат.
Кон крајот на јануар докторите од болницата во Гренобл, каде што е сместен Шумахер, започнале со спор процес на будење. Имало и добри знакови, како што се трепкање со очите, како една од реакциите на Шуми кои беа обелоденети, но последните информации зборуваат дека почале да се случуваат компликации, поради кои будењето од кома е прекинато.
Кога и дали ќе продолжи, во овој момент сеуште не е познато.
Минатата недела, семејството на Михаел Шумахер соопшти дека “како што е вообичаено во таквите ситуации, секој ден е посебна приказна”, замолувајќи ја јавноста за разбирање затоа што не сака да ги обелоденува медицинските детали за здравјето на легендата на Формула 1.
