← НАЗАД НА БОЗА

Лековит квас од цвекло против рак

Лековит квас од цвекло против рак
757 Читања

Руската традиционална медицина верува дека квас од цвекло е најдобриот немедицински лек за хипертензија, бидејќи, меѓу другото, го нормализира крвнио притисок на подолг временски период.

Квас од цвекло е многу корисен, содржи состојки кои ја активираат работата на црниот дроб, бубрезите и цревата. Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека консумирање на квас од цвекло спречува развој на малигни тумори, го чисти црниот дроб, организмот од токсини и друг отпад, отстранува запек и други цревни проблеми.

За подготовка на лековит квас од цвекло ќе ви треба:

– Стаклена тегла од 3 литри (подобро е доколку имате глинен сад)

– 700 гр цвекло (околу 3 свежи свекла од средна големина)

– 2 лажици брашно

– 200 гр шеќер

– 100 гр суво грозје

Подготовка: Свежото измиено цвекло исечете го на коцки или тенки кришки и ставете го во чиста тегла. Додадете суво грозје, 2 лажици брашно и 200 гр шеќер. Теглата наполнете ја со ладна зовриена вода и промешајте. Потоа подзатворете ја со пластичен капак или подобро замотајте двојна газа (за да дише квасот) и оставете на топло место 6-7 дена да ферментира.

Два пати дневно мешајте ја содржината во теглата и по потреба отстранувајте ја пената. По 7 дена процедете ја смесата преку газата и ќе добиете квас од цвекло. Пијте по 3-4 супени лажици 3 пати дневно пред оброк. Квасот чувајте го во фрижидер.

Испијте го целиот квас и со тоа се завршува првото лечење на чистење на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и продолжете го третманот. Повторно пауза од 3 месеци и третманот повторете го трет пат. По година дена вашиот црн дроб ќе биде целосно чист!

При чистењето може да се придвижат песок и ситни камчиња од бубрезите, но инаки овој квас од цвекло многу добро ги чисти и бубрезите.

Постојат и контраиндикации: квасот не е препорачлив за лица кои имаат болни бубрези, проблеми со гастроинтестиналниот тракт во акутна фаза и гихт. Во овој случај потребна е консултација со лекар. Мора да бидете внимателни ако имате низок притисок.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk