Убавина

Лековита маска за лице од свежа коприва против акни и црни точки

Лековитите маски не треба да се користат повеќе од  2 пати неделно, за да не се наруши заштитната функција на кожата. Мрсната и комбинирана кожа полесно се воспалува, поради што се неопходни специјални антибактериски маски.

Тие помагаат за длабоко прочистување и регулирање на масните жлезди. Маските од растенија го спречуваат создавањето на акни и допринесуваат за заздравување на раните создадени од нив. Таква е маската од коприва.

Копривата ги прочистува порите и го чува лицето од појава на црни точки. За да ја подготвите маската најпрво ќе треба да исечете наколку стебла и листови од коприва  (3 супени лажици) и да ги ставите во 1 чаша врела вода.

Откако ќе ги исцедите, нанесете ги врз лицето. Останете со маската 15-20 минути, а потоа отстранете ги листовите и исплакнете го лицето со течноста.

Напиши коментар