Резултатите од студијата која ја направиле научниците од Универзитет во Токио покажале дека полифенолите од кивито имаат силна антиоксидативна активност и ги уништуваат слободните радикали кои се создаваат во организмот, а кои доведуват до оштетување на клетките и до развој на многу заболувања. Кивито спречува развој на болести предизвикани од оксидативниот стрес, како и оштетувања предизвикани од болести како артериосклероза, срцев застој, Алцхајмерова болест, Паркинсова болест, малигни болести.
Карактеристичните биолошки активности на кивите го штитат срцето и крвните садови, го регулираат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од кардиваскуларни болести како атеросклероза. Исто така, го намалуваат и ризикот од срцев и мозочен удар.
Кивито е содржи растворливи растителни влакна (3,8 грама во 100 грама овошје, што е 10 % од дневно препорачаната доза). што значи дека е одличен физички лаксатив. Растителните влакна за заштитуваат слузницата на цревата, така што го намалуваат времето на изложеноста на токсичните материи, но и со врзување на канцерогените состојки во дебелото црево.
Плодовите од кивито се богати со витамин Ц, А и Е, К, омега-3 масни киселини, растителни влакна, калиум, магнезиум. Помага и во регулирањето на шеќерот во крвта, па затоа им се препорачува на лицата кои боледуваат од