Можеби нема да ви се верува, но ние ќе ве увериме дека ако кожата ви е чувствителна на хемиските препарати, кои се продаваат, можете едноставно да го измиете лицето само со сода бикарбона и мед.
Еве ја и рецептата која можете да ја користите, а за неа ќе ви бидат потребни само две состојки:
Една супена лажица органски мед
Една мала лажица сода бикарбона
Измешајте ги добро двете состојки и смесата нанесете на лицето. Нежно масирајте. Почекајте неколку минути, а потоа измијте се со ладна вода.
