ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*7 белки
*200гр шеќер
*200гр мелени ореви
*50гр брашно
ФИЛ:
*7 жолчки
*2 пудинга од ванила
*150гр шеќер
*7,5дл млеко
*150гр путер
*100гр кокос
*100гр темно чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
За кората, изматете ги белките како снег, додадете ги останатите состојки и испечете. (плех 20/35)
Кората печете ја на 180 степени околу 25 минути.
За филот: сварете ги во млеко изматените жолчки, пудингот и шеќерот.
Филот изладете го и додадете го путерот.
Поделете го филот на половина, па во едната половина додадете го кокосот, а во другата чоколадото.
Редете: кора-кокос крем – чоколаден крем.
Пријатно!