Во борбата против целулитот идеално е еднаш до два пати неделно да правите пилинг. Со него се отстрануваат мртвите клетки и се подобрува циркулацијата, а кај кожата која е негувана и затегната, целулитот помалку се забележува. Пилингот е и одлична подготовка за нанесување на антицелулит крема, а во комбинација со масажа, дава одлични резултати во борбата против целулитот.
Можете да го купите, а можете и сами да го подготвите. Ние ќе ви покажеме еден едноставен и ефектен рецепт кој можете да го направите сами.
За овој рецепт ќе ви биде потребно кафеав шеќер и малку маслиново масло. Со својата груба структура, шеќерот ги отстранува мртивте клетки од кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта, а маслиновото масло овозможува полесно разнесување на пилингот по кожата и ја негува.
Измешајте ги двете состојки во размер 1:1 во сад.
Во текот на туширањето, втривајте од антицелулит пилингот со големи, кружни движења на кожата. Потоа измијте го.
За уште подобар ефект истуширајте ги нозете, колковите и задникот наименично со топла и ладна вода.
Не заборавајте, во борбата против целулитот важна е и здравата исхрана, вежбањето и внесувањето на доволно течности.
