← НАЗАД НА БОЗА

Летен мејкап коктел

Летен мејкап коктел
621 Читања

Летните коктели се насекаде околу нас, но дали знаевте дека може да ги направите и во вашата торбичка за козметика? Секако, но не зборуваме за алкохолни пијалоци туку за мешање на козметички производи за да добиете неверојатни резултати.

Ви претставуваме рецепти за 3 мејкап коктели кои ќе ве одушеват.

Кармин + сјај + хајлајнер

Исцртајте ги усните со моливче и нанесете кармин. На средината на горната усна, појачајте ја ивицата со тенка линија на хајлајнер и со него исполнете го и средниот долен дел на усните. Ќе добиете визуелно пополни усни за момент!

Сенка во прав + сјај за усни

Капка сјај за усни измешана со сенка во прав ќе ви овозможи секси, влажен изглед на вашите капаци на очите. Внимание – под оваа смеса нанесете основа или коректор за долготрајност на шминката.

Маскара + кафена сенка за очи

Ви се потроши моливчето за веѓи? Пробајте го овој мејкап трик! Четкичката од маскарата лесно избришете ја со хартија за да не остане премногу боја и четкичката натопете ја во кафена сенка. Спојот на сенка и камена или пудра во прав и маскара на четкичката ќе биде совршен производ за уредување на вашите веѓи.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk