Мојата кујна

Летна чорба од зеленчук

Состојки: 1 кромид, 1 тиквичка, 1 келераба, 1 морков, 70 гр целер, 1,5 дл павлака за готвење, 2 лажици густин, 1/2 лимон, 1 жолчка од јајце, масло, мешавина од зачини

Подготовка:

1. Кромидот, тиквичката, келерабата, целерот и морковот излупете ги и исечкајте на коцки.

2. Во малку масло пропржете го кромидот, а потоа додадете ги целерот и морковот, и пржете кратко. Продолжете да пржите со повремено додавање на вода, додека зеленчукот не омекне.

3. Ставете 1,2 л вода и гответе додека не зоврие. Додадете ја келерабата и тиквичките, и продолжете со динстање додека сиот зеленчук не омекне.

4. Посебно изматете густин со малку вода, ставете го во чорбата, додадете зачини по вкус и продолжете со варење додека не згусне.

5. Во готовата чорба додадете ја кремата со павлака за готвење и жолчката.

Write A Comment