Мојата кујна

Летна салата со келераба и манго

Пробајте ја оваа фантастична салата со келераба и слатко манго со додаток босилек.

Состојки: 2 поголеми келераби, 1 помало манго или праска, дузина свеж босилек

За прелив: Јаболков оцет, 1 до 2 лажици маслиново масло, 1/4 лажичка сенф, 1/4  песто од босилек, 1 лажичка соја сос, свеж мелен бибер, морска сол

Подготовка: Отстранете ја кората од келерабата и исечете ја на тенки парчиња. Исчистете го мангото, и исечете го на мали коцки. Ако немате манго, може да земете една зрела праска, на која претходно ќе ѝ ја отстраните кората. Листовите од босилекот завијте ги во ролна и исечете ги на тенки ленти.

Наредете ги парчињата од келерабата на тањир за послужување, така што ќе се преклопуваат една со друга, и одозгора посипете од ситно сецканото манго а преку мангото посипете со ситно исецканите листови босилек.

Во мал сад ставете ги сите состојки за прелив и изматете со мала жица за матење и со лажичка прелијте преку салатата.

Послужете веднаш!

Write A Comment