Ова се трите најчести причинители за инфекции во летниот период кај женскиот полов орган:
Мокар костим за капење
Долготрајната влага предизвикува размножување на бактериите кои вообичаено се присутни во интимната зона. Тоа може да допринесе до појава на гливични и уринарна инфекција. Затоа внимавајте колку долго го носите мокриот костим за капење.
Употреба на туѓ пешкир
Додека сте мокри размножувањето на бактериите е многу лесно, тоа веќе го кажавме. Истото се случува и во овој случај, доколку сте мокри и ги пренесете туѓите бактерии во интимните зони.
Пот
Потењето во интимните зони може да предизвика црвен осип и чешање. Во тој случај најдобро е да употребите бебешка пудра која ќе го намали потењето во тие делови.
