ШоуБиз

Линдзи Лохан призна дека зема кокаин

Линдзи Лохан, во интервјутио за Опра Винфри се довери дека земала мешавина на алкохол и кокаин. Русокосата убавица сподели дека земала кокаин  10-15 пати и запрела. Лохан се довери уште и дека си убризгува витамин Б12. Сепак, од денеска таа решила да го смени својот имиџ на лоша девојка и повторно да ја освои довербата на луѓето од филмската индустрија.

“Се чувствувам подобро без алкохол. Во семејството имав многу проблеми. Пораснав во бурно семејство… имаше и добри периоди, но и многу лоши. Посетувам психотерапевт со години”, изјавила Линдзи.

“Меѓу хаосот се чувствував удобно. Човек не се менува одеднаш. Тоа одзема многу време”, сподели актерката. “Подготвена сум да го вратам она што ме прави најмногу среќна – треба повторно да ја освојам довербата на луѓето во кино индустријата”, категорична е таа.

Write A Comment