Керозин

Љубов без граници: Porsche Racing од Lego

Кога сте прав обожавател на автомобилите, ако се што ќе погледнете ви делува како форма на автомобил, а и плус ако сте останале сеуште “дете во душата” за вас нема граници. Извесен Малте Доровски голем љубител на Порше пронашол начин за својата голема љубов да ја преточи во дело.

Foto: Brothers-brick.com

Решението го пронашол во популарните Лего коцки, од кои направил цела флота на тркачки Порше автомобили, но и пратечки возила како комбиља или камиони за превоз на тркачките автомобили до стазите. Неговата последна креација е Porsche 911 Carrera RSR Turbo 2.1. Колку феноменално изгледаат, можете да видите од сликите, кои вредат 1.000 зборови.

Foto: Brothers-brick.com

Write A Comment