Сте воделе ли некогаш неприајтен разговор за сексот со своите мајки? Им се случувало на повеќето од нас. Понакогаш мајките можат да не изненадат со многу незгодни совети, но има и такви кои можат да ни послужат добро.
Ќе споделиме со вас неколку љубовни совети кои ќерките некоаш ги добиле ос своите мајки.
Никогаш не се задоволувај
Уште од гимназија мајка ми ме научи никогаш да не се задоволувам, да ги одржувам стандардите високи и дека е подобро да сум сама, отколку да сакам да сум сама.
Просто оди на средба
Еден совет кој мајка ми ми го даде, кога одев на средба: Ако некој те покани на состанок или пријатели ти закажале средба на слепо, задолжително оди. Дури и да не си сигурна дали го сакаш човекот, едноставно пушти се по течението. Може да е дури и многу кратка средба. Зошто? Никогаш не знаеш што ќе се случи. И уште поважно – никогаш не знаеш какви пријатели има тој (или какви луѓе ќе сретнеш кога ќе излезете заедно). Мајка ми се запознала со татко ми, додека била на состанок со друг.
Увери се дека тој ќе направи се за тебе
Не излегувај со маж кој не би танцувал со тебе. Звучи глупаво, но идејата е, дека маж кој би танцувал со тебе, иако не сака да го прави тоа, е некој на кој навистина му е грижа за тебе и сака да те направи среќна. Некој кој би сакал да работи на проблемот, наместо да се предаде. Излегував со едно момче на универзитетот и на една од студентските забави тој ја помина цела вечер седејќи во аголот, бидејќи не сакаше да танцува. За време на врската имавме многу проблеми. Од друга страна, мажот ми секогаш танцува со мене, дури и да изгледаме како идиоти или да сме единствените луѓе на подиумот.
Имај приоритети во љубовта
Имам уникатна врска со мајка ми, бидејќи ме родила кога имала 18 години, а во нејзино време тоа дефинитивно било нешто страшно. Малку откако мајка ми разбрала дека е бремена, мојот биолошки татко и предложил брак, а таа одбила. Не само да каже “Ќе размислам” или “Можеби”, туку директно “Не”. Тоа не било нешто што слободно можело да се направи во тоа време, особено во семејство на посветени католици. Но мајка ми не го сакала доволно и зтоа одбила. Седум години подоцна таа се омажила за љубовта на својот живот и јас имав ретка можност да набљудувам како мајка ми се вљубува повеќе со секој изминат ден. Па најдобриот совет што го добив од мајка си, е да имам приоритети во љубовта. Вистинската љубов. Да му се доверам на срцето.
Цени го другиот
Пред да се омажам, мајка ми ми даде совет од два збора: цени го другиот. Секој од вас треба да е на прво место за другиот. Очекувај тешкотии на патот и верувај дека ќе ги надминете заедно.