Prison brake

Луд колекционер украл 450 износени женски чевли

Шо Сато, млад Јапонец, својата колекција на износени женски чевли ги чувал во шкафчиња, кои ги нарекувал ковчези со злато. Обвинет е дека крадел чевли со високи потпетици од хостеса која работела вп ноќен клуб.

Сато кој е невработен, провалил во гардеробата на клубот и украл 14 пара чевли и козметика во вредност од 4.000 евра. Според извештајот на јапоснската полиција, при претресот во неговиот стан пронајдени се 450 пара женски чевли.

– Чувствував задоволство кога ги крадев носените женски чевли. Новите воопшто не ме интересираат – изјавил Сато.

Во собата која ја изнајмувал од сеуште непознат сопственик, тој ја чувал својата колекција во шкафчињата кои ги нарекувал ковчези со злато.

 

Write A Comment