Louis Vitton пролет / лето 2014 колекција за тема патување…
Колекцијата машки торби ја продолжува оваа тема патување со своите дизајни кои се претставуваат во хибридни стилови, односно нешто меѓу куфери и ранци. Овие торби претставуваат Damier шаблони со перфорации, со боја на коњак, направени од Nomad кожа.
Ким Џонс од Louis Vitton студија за мажи го објасни размислувањето кое стои зад оваа неверојатна колекција: “Колекцијата зборува за слободата на патувањето и слободата на луксузот. Облеката која ја носите мора да има свој став, мора да го прикаже она што всушност се. За време на патувањето вие ја менувате средината, од град, преку шума до пустина, но никако не смеете да го промените својот личен стил и став во текот на ова патување.“
Дали ви се допаѓа оваа колекција?