Sweet Home

Луксузен апартман, во стилот на Џемс Бонд

Идол на многу мажи а и жени е британскиот шпион кој го чувал светот со декади, користејки го само својот шарм и понекогаш некој чуден уред.

Познат по луксузниот животен стил, скапи одела и Астон Мартин автомобил, во филмовите често пие вотка мартини изматено не мешано. Апартманот кој е специјално дизајниран за ваков шармантен агент представува мешавина на винтаж и модерен дизајн. Во внатрешнпста се наоѓа голем удобен кревет, плафон со огледало, златна ламба во облик на пиштол како и огромен телевизор од 62 инчи.

Останатите удобности за гостите во овој апартман се и туркото купатило, мини бар, многу модерен електронски сеф и магични и удобни кадифени бањарки. Овој луксуз во стилот на Џемс Бонд ќе ве чини 1000 долари за една вечер.

2 3 4 5

Напиши коментар