Инспириран од светлите и смирувачки бои на Мароко, Absolute Sanctuary е популарен ресорт за јога и детоксикација на тропскиот остров Ко Самуи на Тајланд.
Овој спа-ресорт неодамна реновиран, е декориран со марокански плочки и мотиви. Собите се инспирирани од мароканската архитектура со поглед на море или на базен и прекрасно уредени приватни тераси. Лоциран на брдо, овој луксузен ресорт има фантастичен поглед на тајландскиот залив.
Луксузниот ресорт поседува и “Љубовна кујна”, што ви дава можност да уживање во здрава и вкусна кујна, која содржи вегетаријански оброци. Храната која се служи овде е органска, и се одгледува локално и сезонски. Во склоп на ресортот постои и бар за здрави напитоци, фантастичен базен, огромен простор за одмор и сончање. Тропската околина е совршена за уживање во масажи, особено во јануари и февруари, кога остатокот од светот е обоен во сива боја.