Она што денеска ќе ви го претставиме е еден величествен дуплекс пентхаус кој се наоѓа во Њујорк…
Од моментот кога ќе влезете во овој дом, ќе ја здогледате така наречената Great Room просторија, со камин, трепезарија и гурманска кујна, а сето тоа крунисано со високи тавани. Потоа, тука е главната спална соба, која има поглед кон запад и поглед на волешбното зајдисонце на Њујорк. Овој дуплекс има шест спални соби и шест бањи.
Станот кој се наоѓа на горниот кат е реплика на долниот дел, според елеганцијата и луксузот, а нуди уште подобар поглед на градот, низ своите стаклени ѕидови. Повторно, тука е каминот, уште една кујна и во потполност опремено домашно кино.
Овој прекрасен пентхаус скоро е реновиран и го прикажува најдоброто што Њујорк може да ви го понуди кога станува збор за луксуз и комфор.