Доколку ви се допаѓаат Карибите, и веќе сте ги доживеале, сигурно имате желба повторно да ги посетите. Иако постојат многу популарни места за одмор, преполни со преубави плажи на кои секогаш има премногу посетители, многу туристи сакаат да уживаат во затскриени места каде може да се опуштат и да уживаат онака како што сакаат. Ако имате желба да уживате под сино небо, на осамена приватна и романтична плажа, тогаш треба да се упатите во Ангвила. Иако е прилично скапо место за одмор, посетата на ова гратче вреди за секој денар.
Cap Juluca е едно од најстарите места на овој остров. Отворен уште од 1988 година, се наоѓа на 179 хектари преубаво уредени и бујни зелени површини, опколен со јасмин и морско грозје. Сите посетители го паметат ова место по морскиот дизајн кој се издвојува, но и по неверојатниот квалитет на услугата. Во овој ресорт посетителите се третираат како семејство. Сите 98 соби и вили се со поглед кон океанот, дури и оние најмалите, чија површина изнесува околу 100 квадратни метри. Во секоја соба, гостите имаат можност да спијат на кревети исклучително удобни и опремени со постелнина од висок квалитет.
Во овој луксузен ресорт може да уживате во повеќе видови гурмански специјалитети и кујна. Всушност, може да јадете што ќе посакате, бидејќи целта на персоналот на ова место е посеителите да се опуштат и да уживаат за да дојдат повторно. Покрај храната, може да уживате и во освежителните тропски пијалоци во некој од бројните барови кои го опкружуваат ова место, или едноставно може да го пронајдете своето место под сонцето и тука да ги поминувате вашите денови…