Медиумскиот тајкун Руперт Мурдок ја продаде својата неверојатно луксузна јахта Rosehearty по цена од 29.7 милиони долари…
Овој луксузен брод е долг 138 метри. Ентериерот е дизајниран од страна на Кристијан Лиаигре, а се состои од пет кабини за гости, трепезарија, теретана и мултимедиа сала. Комплетната опрема за уживање во морето и океанот е исто така дел од понудата.
Руперт ја ставил јахтата на продажба три месеци по барањето за развод од неговата поранешна сопруга, Венди Денг. Јахтата е продадена за време на Божиќните празници а идентитетот на купувачот не е откриен.