Луксузното одморалиште „Conrad Sanya Haitang Bay“ на островот Хајнан во Кина, со сигурност ќе ви делува како да е од вашите соништа, бидејќи претставува перфектно место за незаборавен одмор. Ентериерот на собите, односно на вилите е уметност сам по себе. Близината на морето ви овозможува седејќи на вашиот балкон, да се опуштате со звукот на брановите.
Доколку сте авантуристички дух и сте спремни голем дел од одморот да го поминете во посета на блиски гратчиња и запознавајќи различни култури, тогаш на располагање ви стојат голем број тури со професионални водичи.
Ресторанот во хотелот преферира азиска и европска кујна, а храната е секогаш свежа и вкусна. Исто така можете да се освежите и со некој одлично приготвен коктел. Цената на едно ноќевање во ова место изнесува најмалку 400 американски долари по лице, зависно од периодот во годината.










