ШоуБиз

Мадона има нова “играчка”

Само еден месец откако ја прекина врската со 25 годишниот танчер Заибат Брахими поради неговиот преполн работен распоред, Мадона нашла ново момче. Според странските медиуми, кралицата на поп музиката е во врска со 26 годишниот Тимор Стефенс.

Тимор, исто така танчер, се приклучил на Мадона и нејзиното семејство на скијање во Швајцарија. Позирал на серија фотографии кои синот на Мадона, Роко ги објавил на Instagram, така што може да заклучиме дека веќе станал член на семејството. Мадона своето ново момче го претставила пред пријателите на приватната новогодишна забава во Швајцарија, Гштад.

madona nov decko

Write A Comment