Убавина

Магичниот витамин Ц за блескава кожа

Сите знаеме дека витаминот Ц е добар за здравјето и метаболизмот. Но, ако сакате кожата да ви блеска и изгледа помладо, немојте да заборавите да го вклучите во својот секојдневен третман за убавина.

Многу козметички кучи веќе со години лансираат производи за нега на кожата со овој витамин, и тоа со целосно право, бидејќи токму тој неверојатно влијае на кожата.

Креми и серуми со витамин Ц делуваат како антиоксиданси, а покрај тоа:

-Штитат од временските влијанија

-ги осветлуваат темните дамки на кожата

-го смируваат црвенилото

-тие се одлично оружје во борба против мозолчиња.

Внимание: Витамин Ц не одговара на сите, па добро би било новиот производ прво да го пробате на помал дел од лицето!

Напиши коментар