ШоуБиз

Мајката на Ријана не и дозволува повеќе љубовни врски

Очигледно Ријана ќе треба малку да ја остави љубовта во заден план. Причината – нејзината мајка Моника и забранила да се гледа со момчиња. Самата Рири откри дека уште кога била девојка, нејзината мајка била многу строга и не и дозволувала да излегува на состаноци со момчиња. Сега ситуацијата стана иста откако Моника Фенти ги презела работите од приватноста на својата ќерка во свои раце. “Таа не може да разбере зошто Рири постојано избира погрешни мажи. Токму поради тоа ја советува да се фокусира на други нешта и да ја остави љубовта на заден план”, издава извор близок до семејството.

Последно Ријана доживеа бурна врска со Крис Браун, кој дури ја малтретираше физички. Сепак тие си дадоа втора шанса, по која пејачката остана повторно крајно разочарана.

Write A Comment