← НАЗАД НА БОЗА

Макало од домат и праз

Макало од домат и праз
2300 Читања

Потребно е:

  • 3 праза, многу ситно исечкани
  • 400 мл доматен сос или конзерва пелати
  • сол и бибер
  • масло за јадење

Подготовка: Во подлабоко тенџерче, ставете масло да се загрее. На загреаното масло ставете го празот да се пропржи. Посолете го и мешајќи пржете го околу 10 минути. Потоа, ставете го доматниот сос, зачинете со сол и бибер и оставете да се крчка малку, додека да се соединат состојките. Во мало шолјиче ставете една лажичка брашно и малку вода. Измешајте ги со вилушка за да нема грутки и ставете ја течноста во тенџерето. Варете додека да се згусне целата смеса.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk