Убавина

Make-up трендови за сезоната есен/зима 2014/2015

Сезоната есен/зима 2014/2015 го најавува враќањето на стилот од 60-те.

Силните бои на кармини и темните комбинации на сенки и тушеви за очи, нагласените веѓи и природниот тен на вашето лице се повторно во тренд.

Дадете ѝ го природниот изглед на кожата и бидете свои. Користете нијанса на пудра која е најблиску до вашиот тен.

Бидејќи следуваат врнежливи и ладни периоди кога кожата станува сè посува, користете квалитетни козметички препарати, негувајте ја кожата на вашето лице со маска за потхранување и пред сè, дозволете ѝ на кожата да дише. Шминката користете ја само кога е најпотребна.

Вистински хит за оваа сезона е тушот за очи, па затоа не се штедете бидејќи навистина ќе ви биде потребен. Покрај тушот за очи, ви препорачуваме да си поиграте и со бојата на шминките за очи, комбинирајте црна и темно сива боја со цел да го добиете тренди ефектот „smokey eyes”.

Темните и силни бои на кармин како што се црвената и нејзините темни нијанси се вистинскиот избор.

Нашминкајте се со боите на природата карактеристични за сезоната и нема да погрешите.

Write A Comment