Motherhood

Мамо, кога ќе пораснам сакам да бидам како тебе

Имајте на ум дека вашиот однос со сопругот е најдобар пример за детето што значи интимна врска и како таа треба да изгледа.

Факт е дека родителите се прв и најдобар пример за своите деца. Имајќи во предвид дека децата најбрзо учат на нивниот пример, нормално е моделот на однесување меѓу луѓето полесно да го усвојат на овој начин. Затоа потрудете се да бидете навистина добар пример во секоја ситуација. Тоа практично значи:

– Бидете храбри и признајте кога ќе згрешите – така најдобро ќе им покажете на децата кога и како треба да се извинат.

– Секогаш зборувајте ја вистината, бидејќи само така ќе можете да барате од нив да го прават истото.

– Имајте на ум дека вашиот однос со сопругот е најдобар пример за детето како треба да изгледа една врска, затоа прегрнете го партнерот и бакнете го кога се децата во близина. Важно, е исто така, да ги почитувате разликите во начинот на кој вие двајцата сакате да ги воспитувате децата. Немојте да се карате пред децата, застанете на страната на сопругот, без оглед на тоа дали се согласувате со него или не.

 

Напиши коментар