Мода

Маноло Бланик: Кондурите со платформа ги прават жените неубави!

Еден од најпознатите дизајнери Маноло Бланик за високите потпетици и посебно тие со платформа, смета дека се не убави и не женствени.

Бланик во разговор со познато списание, се сеќава за соработката со култната серија „Сексот и градот“ и вели:

Кендис Бушел ги обожаваше моите високи потпетици и во тој момент цел Њујорк почна да зборува за нив.  Сето тоа ми се допаѓапе, но денес ми изгледа многу далеку!

 

Во интервјуто дизајнерот призна дека сепак кондурите не говорат многу за човекот, иако се негова страст и опсесија цел живот.

 

Напиши коментар