По документарниот филм “Исповед”, пејачката Марија Шерифовиќ ја претстави и истоимената книга за својот живот. Во книгата, која хронолошки го прати животот на Марија, поп пејачката пишува за своето детство, односите во семејството, кариерата, историската победа на “Eurosong” во Хелсинки 2007, своите слабости и сексуални скалоности. Вели дека првиот секс го имала со долгогодишниот пријател Маријан, но искрено пишува и за своите емотивни падови, врските со девојки и дека токму покрај една такава го нашла својот мир.
-Откако раскинав со Кармен станав емотивен инвалид – пишува Марија во “Исповед”.
-Бев неспособна да бидам во било каква врска. Празна, истрошена, издувана како балон, во доброволна изолација. Не верував дека набрзо ќе запознаам девојка за која мислам дека е поинаква од се што до сега сум искусила во досегашниот љубовен живот. Таа е прекрасна, самосвесна, независна, вистинска личност за мене.
Се заљубив како никогаш до сега. Некако нормално, без лудило и без прекумерна страст и посветеност. Поминаа две години а ние никогш, дури ни за најмала работа, не сме се скарале. Не верував дека врската со некого може да биде мирно пристаниште. Толку си одговараме , што понекогаш не мораме ни да разговараме, доволно е само да се погледнеме.
Марија вели дека сака да заврти нов лист во животот, а кога ќе заврши промовирањето на “Исповед”, планира да се оставри и како мајка:
-Ќе одам во банка за сперма, ќе изберам добар татко, доколку е можно некој Шпанец, интелектуалец за музика.
КРАЈ СО ГЛУПАВИТЕ ПРАШАЊА
Марија вели дека со оваа книга се завршува приказната за нејзиниот приватен живот и дека во иднина ќе зборува исклучиво за музиката.
-Ова е крај со мојата исповед и вистински момент да ви соопштам дека од сега ќе разговараме само во врска со работата со која се занимавам – објаснила Марија.
