ШоуБиз

Марко Јариќ ја изненади сопруга Андријана Лима

Преубавиот ангел на Викторија, Андријана Лима, за време на снимањето на едиторијалот на една модна куќа, добила неочекуван подарок од нејзиниот сопруг, Марко Јариќ.

Дека бракот помеѓу Андријана и Марко е се уште совршен, говори и подарокот кој српскиот кошаркар и го прати на својата сопруга. Манекенката ја изненади букет цвеќе од кој се одушевила и одма го фотографирала, а истото го објавила на друштвената мрежа Твитер.

„Само што ми стигна на работа овој прекрасен букет. Убаво е кога си сакан. Ти благодарам животе мој.“, напиша Андријана под објавената фотографија, обраќајки му се на сопругот Марко.

cvece-1391255022-25710

Write A Comment