man fashion

Машкиот плакар треба да има..

Порано можеби не се обрнуваше и не беше потенцирано што се треба да има во машкиот плакар, меѓутоа сега за да сме во тек со времто и модернизмот, пожелно е ако не сите, барем некои од советите да ги употребите:

  • Добар чадор не им е потребен само на дамите. Нема секогаш да бидеш во твојата кола или стан кога ќе почне да врне, а секако подобро е да бидеш под квалитетен чадор отколку да киснеш на дождот.
  • Боите во плакарот се неопходни, бидејќи, сепак, не е се црно-бело. Затоа карираната кошула е добар избор.
  • Детал кој ѝ дава шмек на секоја комбинација. “Можеш да кажеш многу за маж од неговите очила за сонце. Добар пар можат да сокријат сè” – Simon Mills
  • Може да се каже дека ова е најважниот дел облека во плакарот кај секој маж. Неопходни се во секоја прилика, освен можеби на плажа, затоа потруди се да најдеш некој добар модел.
  • Во што се чувствуваш најудобно? Секако дека патиките се одговор. Нив можеш да ги носиш во сите ситуации, било дали спортуваш или си излезен со девојката или пријателите.
  • Во сите прилики, од венчавка до излегување, сакото е повеќе од потребно во машкиот плакар.
  • Било дали вежбаш во теретана или си излезен со пријателите, едноставна сива дуксерка добро ќе ти дојде. Некои од советите за купување се дека треба да биде лабава од страните, но не и преголема, а секако не премала.
  • Ова им е веќе на сите добро познато. Поло маицата се носи во сите прилики, во парк, на кафе, во канцеларија, и што е најважно, секогаш е добар избор. Затоа е неопходно да ја имате во повеќе бои.
  • Секако дека помалку пари ќе трошат мажите од жените, но сепак, неопходно е да имаш барем еден квалитетен пар на чевли за различни прилики.

Напиши коментар