Art & Crafts

Маска од аспирин за подкожни влакна

Подкожните влакна можат да направат сериозен проблем, особено доколку почнат да се воспалуваат, а вие не ги третирате на правилен начин. Маската од аспирин е еден од најдобрите начини да се справиме со проблемот, бидејќи содржи активни состојки како салицилова киселина, која ги уништува мртвите клетки и му овозможува на влакното да падне само.

Неопходни состојки:

3-4 апчиња Аспирин

масло од јојоба

мед

Подготовка:

Земете една супена лажица мед и половина супена лажица масло од јојоба и загрејте ги малку за да се растопат. Издобете ги апчињата и измешајте ги заедно со медот и маслото. Доколку добиете густа смеса, додадете уште малку масло од јојоба. Маската нанесете ја на подкожното влакно и оставете да дејствува 15 минути. Потоа имијте го местото со ладна вода. Можете да го користите еднаш или два пати во неделата, во зависност од тоа колку е надразнето местото.

Write A Comment