Art & Crafts

Маска од мандарини: Спас за сувата кожа

Сеуште е сезоната на мандарините, а освен тоа што се полезни за здравјето, добри се и за вашата кожа. Мандарините се идеални за грижа на кожата, така што оваа едноставна рецепта за маска од мандарини може да биде ефективен спас за сувата кожа.

Од мандарината извадете ги семките, а потоа изгмечете ја. Додадете една лажичка павлака и добро измешајте. Маската нанесте ја на претходно исчистена кожа на лицето и оставете да дејствува 15 минути. На крајот измијте ја со ладна вода, и нанесете хидратантен крем.

Маската може да ја нанесувате еднаш во неделата, за да ја збогатите кожата и да и ја дадете неопходната хидратација.

Напиши коментар