Убавина

Маска за коса која дава резултати веднаш

Студената зима остави траги на квалитетот на нашата коса. Таа стана сува, кршлива, безживотна… Доколку сакате набрзина да ја освежите косата направете ја оваа маска која ќе ве изненади со добрите резултати.

Потребно ви е:

–      банана која ќе ја зиблендирате или една кашичка за бебиња од банана

–      една жолчка

–      пола лажичка маслиново масло

Убаво измешајте ги состојките и со густата смеса намачкајте ја целата коса. Оставете ја да делува барем 40 минути. Би било добро ако главата ја завиткате со една кеса.

По ова косата ќе го врати сјајот, а воедно и ќе биде многу лесна за обликување.

Напиши коментар