Би сакала да ја споделам со вас мојата омилена маска за лице со мед и полен. Иако се состои само од две природни состојки има многу свои предности:
Преполна е со минерали, витамини, аминокиселини и антиоксиданси.
Вака нежната маска може ефикасно да ги намали брчките, да ја подмлади кожата на лицето и да ја одржува чиста со денови.
Погодна е за сите типови на кожа. Служи како нега и заштита на здравата кожа, но поседува и лековито дејство на кожата со акни и црни точки.
Многу лесна за подготовка:
Измешајте 1 лажиче иситнет (со помош на блендер) полен (полен на сликата погоре) со две лажичиња мед. Нанесте ја смесата на чисто лице и оставете да делува 30-60 минути. Измијте се со топла вода. Постапката повторувајте ја неколку пати неделно.
Пробајте ја оваа неверојатна маска и вашата кожа ќе ви биде благодарна.
Бидете убави!

