Убавина

Маска за убави и нежни раце

Ако вашите раце се суви, а особено кожата околу ноктите, честото нанесување на крема нема да го реши вашиот проблем. Доколку сакате вашите раце повторно да бидат меки и нежни, потребна ви е поинтензивна нега.

Рацете се постојано изложени на студен воздух и често се во контакт со вода. Сето тоа ја суши кожата и станува сува и груба. За повторно да имате мека и убава кожа на рацете, испробајте ја оваа маска што и сами може да ја направите дома.

Состојки:

– 4 лажици маслиново масло

– 2 лажици кафеав шеќер

– неколку капки сок од лимон

Соединете ги состојките и смесата масирајте ја на рацете минутка до две. После тоа, исплакнете со млака вода и на рацете нанесете богат слој хидрантна крема.

Write A Comment