Убавина

Масло и билки против опаѓање на косата

Етеричните масла кои се наоѓаат во билките работат на јакнењето, хранењето и фоликулите на косата. Доколку имате проблем со опаѓање на косата, ние ви нудиме неколку совети, како на најдобар начин да ги искористите благодетите на природата како вашата коса би била што побујна, поздрава и поубава.

Масло

Маслото од јојоба може да се користи за оштетена или кршлива коса. Неговите лековити својства добри се кога се губи косата, предизвикани со пукање. Нанесете го маслото на измиена коса исушена со крпа. Маслото треба да отстои на косата половина час.

Чичковото етерично масло може да го поттикне растот на косата. Ова масло делува така што го стимулира обновувањето на клетките на косата и крвта.

Маслото од чајно дрво може да се користи за додавање на влажност на вашата коса, а ја намалува количината на масло кое го произведува вашето теме. На тој начин се спречува појавата на првут. Додадете неколку капки чајно дрво на своето теме секоја седмица. Исто така можете да додадете неколку капки чајно дрво и во маслиновото масло за поблаго дејство.

Маслото од лаванда може да се користи за лечење од губењето на коса бидејќи тоа го поттикнува процесот на оздравување. Можете секоја ноќ да го втриете ова масло во вашето теме.

Маслиновото масло исто така е одлично за вашата коса. Тоа ја храни косата и и помага да и се врати еластичноста.

Билки

Рузмаринот и жалфијата се билки кои треба да се кристат заедно како би се поттикнал растот на косата.

Сварете ги заедно рузмаринот, жалфијата, лист од праска и коприва. Исцедете ги билките од течноста, а потоа користете ја течноста за миење на косата. Овој третман можете секојдневно да го користите.

Босилокот е билка која ја поттикнува циркулацијата. Тој е најдобар за мрсна коса.

Нането користете го доколку сакате да го негувате и поттикнете подобрите циркулацијата на крвта до коренот на косата. Нането е најдобро доколку вашата коса е тенка или косата споро ви расте. Сварете ги билките и користете ја течноста за миење на косата.

Write A Comment