Симон Дејл е семеен човек од велс, западна Велика Британија. Неговите интереси се насочени кон екологијата и само оддржувањето со што дошол до идеја да изгради сам дом, кој денес е најсимпатичниот, најтоплиот кој може да го замислите.
Тој чини 3000 фунти или 4700 Амерички долари!
Симон дава две објаснувања зошто ја изградил куќата. За првата вели, „Забавно е. Живеејќи го својот живот, тоа на твој начин е награда. Следејќи ги соништата, ја оддржувам душата жива“. За неговата втора причина вели дека е трагање по самостојноста, со што тоа што го употребуваме во секојдневниот живот, е тоа што ја прави еколошката катастрофа.
Симон Дејл и неговата жена Јасмина, со двете деца се сликани по 4 месеци откако се вселиле во куќата. Да се направи домот еколошки, е да се направи соодветен тоалет, да не се користи пластична изолација туку дрвена, и фрижидерот да се лади со воздух што доаѓа од просторот под куќата.