Најголемиот проблем со љубовта е што некогаш не трае долго, а губењето на саканата личност знае да биде многу болно.
За некои луѓе раскинувањето може да предизвика разочарувачки последици, а тоа посебно се однесува на мажите кои патат повеќе поради љубовните јадови од жените.
Недамнешното истражување, чии што резултати се објавени на британскиот сајт Singles Elitе, покажува дека посилниот пол е почувствителен кога се во прашања чувствата.
Речиси сите испитаници признале дека во еден момент во животот пателе поради љубов, но меѓу останатите кои раскинувањето го доживеале многу болно имало 25 отсто повеќе мажи отколку жени.
На прашањето како да се објасни поголемото патење кај посилниот пол, психологот Вибке Неберич одговара дека причината би можела да биде тоа што најчесто жените преземаат иницијатива за раскинување .
„Мажите исто така имаат иницијатива да ги преувеличат чувствата кои кон нив ги имаат нивите партнерки, а познато е дека „кој високо лета, ниско паѓа“, додава Неберич.
Секој пати на свој начин после раскинувањето, но ништо не боли колку сознанието дека сме отфрлени поради друг или друга. Имено, 80 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е најболниот удар во случај на раскинувањето.
Љубовното патење е легитимна болка која може да предизвика психички, но и физички проблеми. Процесот на оздравување може да трае со недели, месеци, но и со години.
Во такви моменти, 61 отсто од мажите и 76 отсто од жените бараат помош од пријател. Храната најчесто се користи како моментално закрепнување, но никогаш како вистинско средство за утеха. Бидејќи кога чоколадото би можело да го закрепне скршеното срце, сите веднаш би посегнале по него.
Повеќето од жените не сакаат да го тормози опкружувањето и повеќе сакаат да плачат во самотија (54 отсто), додека мажите повеќе се концентрираат на работа (44 отсто). Има и такви кои излекување бараат во одмазда, ладна пресметана одмазда.